Се чини дека информациите кои се појавија во јавноста за Михаел Шумахер не се точни, тврди Жан Тод, најдобриот пријател на познатиот формула возач.
Легендарниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, на крајот на 2013 година доживеа страшна несреќа за време на скијање и оттогаш никој освен најблиските не го видел.
Сепак, одвреме-навреме се појавуваат нови информации за неговата мистериозна состојба, па имало и такви како Еди Џордан што ја контактирале Корина Шумахер, а се зборувало дека таа ја крие вистинската вистина за Михаел, односно дека германскиот возач е свесен и ги следи трките а исто така и комуницира со семејството а никој не знае за тоа.
Сепак, неговиот најдобар пријател Жан Тод тврди дека сето тоа е лага. Тод и Шумахер работеа заедно во Ферари и беа неразделни, а тој е еден од ретките луѓе кои имаа можност да го видат Михаел по несреќата. Тој сега сакаше да стави крај на сите шпекулации кои кружат во јавноста околу неговиот пријател.
„Ве молам, да го оставиме на мира. Ги почитуваме желбите на неговата сопруга Корина и децата за приватност, знаејќи ги последиците од таа несреќа. Секој кој јавно тврди дека знае нешто не знае ништо. Сето ова време го гледам и го посетувам. Тој и неговото семејство се дел од мене, закрепнувањето оди постепено“, вели Жан Тод (77 г.) во интервјуто, сакајќи да стави крај на сите шпекулации и „ексклузивни“ информации кои се појавуваат во јавноста.
Неодамна едно лице наводно го фотографирало Михаел Шумахер и барало богатство од една медиумска куќа за објавување ударни вести за шампионот во Формула 1, но кога семејството јавно објавило дека знае кој стои зад се – приказната згаснала преку ноќ и до овој ден никој не ја објавил фотографијата.
Инаку, Жан Тод и Михаел Шумахер работеа заедно во Ферари од 2000 до 2004 година, кога германскиот возач освои дури пет последователни шампионски титули во Формула 1.