Момчето Рафаел има пет години и има неверојатна меморија! Во разговор со водителот на една емисија, тој зборуваше на колку јазици знае да зборува, на кого се угледува и колку ја сака мајка си.
Според Рафаел, тој се сеќава на работите така што замислува слики поврзани со тие работи и ги запишува во неговото сеќавање.
Рафаел има само пет години. Кога на ова момче му биле покажани педесет слики на кои биле исцртани различни работи, тој можел да се сети на секоја од нив.
Неговата мајка уште од најраното детство забележала дека момчето може да се сети на имињата на луѓето, на работите што ги научил, но и на приказните што му ги читала. Таа се пошегува дека понекогаш, кога ќе сретне некој познат и не може да се сети на името, па бара од Рафаел да ја потсети.
Рафаел призна дека ако има можност да ја оцени мајка си колку е добра, на скала од еден до десет, ќе и’ даде десетка!
Со само пет години, ова момче зборува англиски, шпански, корејски и јапонски. Сепак, тој признава дека не научил баш добро јапонски и додава: сепак!
На прашањето на кого гледа и кој е неговиот најголем идол во животот, ова петгодишно момче даде многу мудар одговор, кој би воодушевил многу возрасни: Не можете да се огледувате на некој друг, треба да бидете свои!
Рафаел, како и сите други деца, сака да игра, да разговара со другите и да биде во центарот на вниманието. Сепак, на толку рана возраст, тој успеа да ја запамети целиот периодичен ссистем на елементи!
– Во периодниот систем на елементи има 115 елементи и сите ги запамтив за само пет дена – рече момчето.
Во емисијата каде што гостуваше, Рафаел ја повика публиката да каже кој било број од 1 до 115 и тој ќе погоди кој елемент се наоѓа на тој број! Да се обложeл, ќе го добиел облогот, затоа што успеал сè да погоди!