7-годишното момче од Бразил, кое го однело порој и паднало во шахта за време на невреме, пронајдено живо.
Рафаел дос Сантос си играл со група пријатели кога во понеделникот паднал во шахта за време на бура во јужниот град Круз-Алта. Тие не можеле да му помогнат, па истрчале да го предупредат неговиот татко Пол Рока.
Таткото го видел синот како се обидува да излезе од шахтата зад нивната куќа.
„Ми се јавија децата, но кога стигнав видов дека нема начин да го фатам син ми. Водоводната цевка го вшмукала… Се се случило многу брзо“, изјавил таткото за брасилските медиуми.
Детето успеало да помине низ цевка за атмосферска вода долга 300 метри и да излезе од шахтата на два блока подалеку. Тој добил длабока расекотина над левата веѓа и 25 конци.
„Имаше многу вода. Немаше простор, едвај се движев, се обидов да ја подигнам главата, но не можев“, раскажало момчето.
Пол Рока изјавил дека неговиот син имал среќа што не залутал на патот и дека водата потоа го одвлекла до шахта од која можел да излезе.
„Помина низ цевката додека не дојде до крајот. Не ни замислувавме дека повторно ќе го видиме“, изјави Пол Рока.