Момчето Вукан Вулетиќ (9), кое беше убиено заедно со неговиот брат Јован Вулетиќ (13) во масакрот во Цетиње, е уште една жртва на Ацо Мартиновиќ, масовен убиец кој изврши грозоморно злосторство на првиот ден од 2025 година и уби 12 луѓе, додека тешко ранети четворица.
Инаку, Мартиновиќ го убил и вујкото на момчето.
-Иако прво се мислеше дека починал и таткото на момчето, се покажа дека е неговиот вујко, кој е сопственик на кафаната во која лудиот убиец првично го започнал својот крвав пир. Меѓу првите загина Мирко Вулетиќ, а потоа Мартиновиќ продолжи да убива и ги уби момчињата Јован и Вукан – пишуваат црногорските медиуми.
Масовниот убиец Мартиновиќ ги убил и своите братучеди, браќата близнаци Марко и Милош Мартиновиќ, како и момчињата на најмладата жртва на масакрот и нивниот вујко, сопственикот на кафаната, Мирко Вулетиќ.
Покрај нив вчера загинаа уште седум лица, додека четири лица се ранети и со возило на брза помош веднаш се пренесени во Клиничкиот центар во Подгорица.
На Цетиње денеска осамна мрачното утро, граѓаните сè уште се збунети од трагедијата што ги снајде, а како што велат сè уште не се опоравиле од масакрот што го направи Вук Бориловиќ пред 2 години.
– Синоќа низ Цетиње се слушаа лелекања и плач. Не се ни опоравивме од трагедијата што не снајде во 2022 година, а сега ни се случи ова – велат потресените граѓани.
Да потсетиме, Мартиновиќ бил во конфликт со Д.К., кого го сретнал во кафеана, а потоа отишол да земе пиштол дома, се вратил во кафеаната и убил и ранил неколку лица. После тоа се упатил кон Хумчи каде ги убил децата на кафанџија и една жена. Тој продолжил да сее смрт и убил вкупно 12 луѓе пред да се самоубие.
Кога станува збор за ранетите, министерот за здравство Воислав Шимун најави дека нивните животи сè уште се во опасност, со тоа што, според него, операцијата на еден пациент е завршена доцна во ноќта и лекарите продолжуваат со потребниот третман за да се постигне најдобриот исход.