Во американскиот национален парк Долината на смртта во Калифорнија дошло до сообраќајна несреќа за која била виновна – тарантула!
Би-би-си пренесува дека управата на паркот објавила дека швајцарската двојка, која изнајмила кампер за да ја обиколи Долината на смртта, морала итно да закочи на автопатот за да не го згази овој огромен пајак кој ненадејно го виделе пред возилото.
Поради ненадејно сопирање 24-годишен Канаѓанец на мотор одзади налетал на нивниот кампер, при што во овој инцидент бил повреден.
Во овој судир тарантулата побегнала неповредена, по што побегнала назад во пустината.
Управата за националниот парк долината на смртта објави на Фејсбук дека инцидентот се случил на 28 октомври источно од преминот Таун во делот на округот Инјо од паркот.
Се вели дека повредениот мотоциклист е пренесен во болницата „Desert View“ во блискиот град Парампу, но неговата состојба не е позната.
Телото на тарантулата е во просек долго 13 сантиметри, но овој пајак има нозе долги и до 28 сантиметри, што ги прави да изгледаат огромни.