Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа да го освои 24. Грен слем трофеј во кариерата, бидејќи во драматичното финале на Вимблдон беше поразен од Шпанецот Карлос Алкараз со 3:2 во сетови.
Очекувано, по натпреварот кој будно го следеше цел свет, следеа бројни реакции, а навивачите на Новак беа пријатно изненадени од реакцијата на британскиот јавен сервис (BBS), кој во минатото често беше критички настроен кон Србинот.
Верувале или не, угледниот „Би-Би-Си“ објави фотографија од расплаканиот Новак Ѓоковиќ со емотикон со скршено срце и испрати силна порака за поддршка за Србинот:
„Ќе се вратиш Новак“.