Два големи противподморнички брода на руската Пацифичка флота „Адмирал Трибук“ и „Адмирал Пантелеев“, како и танкерот „Печенга“ впловија во пристаништето Читагонг во Бангладеш.
И двата брода се закотвија во пристаништето Читагонг, кое се смета за главно пристаниште на таа јужноазиска земја, а руските морнари пристигнаа во Бангладеш за првпат по речиси половина век, пренесува ТАСС.
Претходната посета на руски морнари на Бангладеш се одржа пред 50 години за да се изврши единствена операција за расчистување и деминирање на пристаништето Читагонг.
– Тогаш во оваа млада република, која се стекна со независност во 1971 година, дојде одред руски бродови, со цел да ја спаси од хуманитарна катастрофа. Водите на пристаништето беа минирани по војната за независност, а освен тоа, тука беа потонати десетици бродови – изјави рускиот амбасадор во Бангладеш, Александар Мантиќки, во интервју за ТАСС.
Како што истакна почесниот конзул на Руската Федерација во Читагонг, Ашик Имран, сега руските морнари повторно дојдоа во Читагонг, но овојпат само во пријателска посета.
– Ова е доказ дека односите меѓу нашите две земји сè уште се на многу високо ниво – изјави Ашик Имран.