Претседателот на Русија, Владимир Путин, на состанокот на Советот на Серуското општествено и државно движење на деца и млади, раскажа како мајка му еднаш како дете го ставила во ќош поради недолично однесување, но дека набрзо му простила.
Еден од учесниците на седницата го праша рускиот претседател: Кој е неговиот најдобар спомен од детството кога е во прашање неговото семејство, а Путин нагласи дека тоа за него е најтрогателниот спомен од тој период.
– Тоа е интимна работа. Само ќе ви кажам како започна сè: мајка ми ме стави во ќош, не се сеќавам зошто. По некое време таа ме праша дали сакам да се извинам. Почна да ме бакнува, ме извади од ќошот и тука заврши целата приказна. Но, како таа го направи тоа – тоа е посебна приказна, – рече Путин.