Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го повика поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, јавно да ги сподели своите мировни планови доколку има начин да стави крај на војната меѓу Украина и Русија, но украинскиот претседател исто така во интервјуто во вторникот предупреди дека секој мировен план во кој Украина отстапува територија би било неприфатливо.
Доналд Трамп, фаворит за републиканската претседателска номинација во 2024 година, тврди дека ќе може да постигне договор со Володимир Зеленски и претседателот на Русија, Владимир Путин, за ставање крај на војната во Украина во рок од 24 часа.
Во неделата Доналд Трамп изјави за NBC дека ќе направи фер договор за сите.
„Загубата на украинска територија од Русија е нешто за што може да се преговара“, ѝ порача Доналд Трамп на водителката Кристен Велкер, додавајќи дека „многу луѓе очекуваа дека Киев ќе се откаже од своите претензии за Крим и другите делови на земјата во замена за мир“.