Доналд Трамп планира да и’ дозволи на Северна Кореја да го задржи своето нуклеарно оружје, но под услов, со американски финансиски стимулации Пјонгјанг да престани да прави нови бомби, велат три неименувани луѓе запознаени со ставовите на Трамп.
Таков потег би означи нагло отстапување од неговиот претходен став по ова прашање и чекор кон усогласување на Вашингтон со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, со кого Трамп разви невообичаено пријателски односи за време на неговото претседателствување.
Додека американските претседатели во голема мера бараа начин да ја убедат Северна Кореја да се откаже од својот нуклеарен арсенал, американската политика континуирано повикува Северна Кореја да се денуклеаризира.
Меѓутоа, ако добие нов претседателски мандат, Трамп очигледно е подготвен да се откаже дури и од обидот да го убеди Ким Џонг Ун да го растури својот нуклеарен арсенал.
Упатените велат дека Трамп е делумно мотивиран од идејата да се избегне губење време на она што го гледа како залудни разговори за разоружување, наместо да се фокусира на поголемата задача да се натпреварува со Кина.
Политиката на Трамп кон Северна Кореја во неговиот прв мандат беше „целосна, проверлива и неповратна денуклеаризација на Пјонгјанг“, а неговиот првичен пристап беше многу тврд, дури и земајќи ја предвид опцијата да фрли нуклеарна бомба врз Северна Кореја, а вината да ја префрли на друга страна.