Јелена Карлеуша во една од последните изјави кажа дека е единствената пејачка која снимила хитови летово, а на прашањето што мисли за албумот на Александра Пријовиќ, Карлеуша нејзината музика ја нарече „треш“.
И покрај тоа што нејзините груби зборови одекнаа, Карлеуша сепак застана на страната на помладата колешка кога е во прашање спорната изјава за која зуи регионот.
Имено, пред петте концерти во Загреб, Пријовиќ истакна дека „не сака да ја нарекуваат српска пејачка, бидејќи нејзината музика им припаѓа на сите“.
Оваа изјава не им се допадна на дел од јавноста, а потоа се огласи и Александра која нагласи дека е извадена од контекст.
Еден корисник на социјалните мрежи оваа изјава ја спореди со изјавата на Карлеуша за една американска телевизија од пред неколку години. Карлеуша тогаш изјави дека „таа е Србинка и дека неправедно и ја бомбардирале земјата“.
– Додека Карлеуша на американската телевизија Фокс гордо вели „Јас сум Србинка, а вие неправедно ја бомбардиравте мојата земја“, Александра Пријовиќ за хрватската телевизија вели „Јас не сум српска пејачка, не ми се допаѓа тој епитет на припадност“ – напиша еден корисник, а Карлеуша потоа застана во одбрана на Пријовиќ.
– Прија само несмасно се изрази, сакаше да каже дека како пејачка им припаѓа на сите што ја сакаат. Пејачите не смеат да се двоумат да кажат дека се од Србија, Босна, Македонија, Хрватска… Никој не смее да се плаши да биде горд член на својот народ. Тоа не значи дека тој не ги сака и почитува сите други. Едното не го исклучува другото – музиката обединува – напиша Карлеуша.