Ова овошје има вкус на чоколаден пудинг! Вкусното овошје е вистинско уживање – луѓето не веруваат кога ќе го пробаат 

Црната сапота, позната и како „чоколадно овошје“, е сè попопуларна меѓу љубителите на егзотични растенија поради својот специфичен вкус.

Необичното растение потекнува од Централна Америка. Најмногу го има во Мексико и Гватемала.

Црната сапота е позната по својот вкус кој потсетува на 
чоколаден пудинг – и по изглед и по вкус.

Плодот на ова растение што расте на дрво наликува на зелен домат, но кога е целосно зрел, внатрешноста станува темна, речиси црна, со кремаста текстура.

Ова овошје не е слатко пред созревањето – во сурова состојба има горчлив вкус, но кога ќе достигне целосна зрелост, неговата кремаста внатрешност добива пријатна, блага сладост што потсетува на вкусот на чоколадниот пудинг.

црна сапота

Освен по својот неодолив вкус, црната сапота се издвојува и по својата хранлива вредност. 

Ова овошје е богато со витамин Ц – една порција содржи до четири пати повеќе витамин Ц од портокалот. Исто така, има малку масти и калории, што го прави идеален за оние кои сакаат здрав десерт. Покрај тоа, содржи влакна, калциум и железо, кои придонесуваат за здравјето на дигестивниот систем и го зајакнуваат имунитетот, пренесува Specialty Produce.

Црната сапота е одлична замена за чоколадото во веганските рецепти.

Може да се користи во разни десерти како пудинзи, сладоледи, смути, па дури и колачи, бидејќи неговиот природен вкус ја елиминира потребата од дополнителни засладувачи.

Иако црната сапота главно се дистрибуира во тропските региони, таа може успешно да се одгледува во климатски погодни области со благи зими. Сè повеќе се наоѓа на пазарите ширум светот, вклучително и во Европа.