Фудбалерите на Интер од Мајами ја посетија репрезентацијата на Ел Салвадор во подготвителен натпревар, а она што е особено интересно е што за првпат во новиот клуб на теренот беа заедно Лионел Меси, Серхио Бускетс, Жорди Алба и Луис Суарез.
Распуштената четворка од Барселона направи вистинско шоу на теренот, а на социјалните мрежи се споделува видео од една возбудлива акција.
Имено, споменатата четворка уште еднаш ја демонстрираше „тика-така“ тактиката од најдобрите денови во Барселона.
Алба нафрли од крило, Суарез од прва додаде до Бускетс, а овој одигра двојно додавање со Меси, кој шутираше во два обиди, но домашниот голман успеа да спаси.
Она што е интересно е што натпреварот заврши без победник, со најнепопуларниот резултат – 0:0.