Ова се вработените во Амбасадата на Израел во Вашингтон кои беа убиени

Израелското Министерство за надворешни работи го објави нападот во Вашингтон и објави фотографии од двајца вработени кои беа убиени во нападот пред Амбасадата на Израел во САД.

Заедно со објавената фотографија, Министерството за надворешни работи на Израел изјави дека станува збор за брутален напад.

„Утрово сме шокирани и ужаснати од веста за бруталниот терористички напад во кој загинаа двајца наши вработени во амбасадата во Вашингтон – Јарон Лишински и Сара Лин Милгрим. Нека нивната меморија биде благословена. Ние сме со ожалостените семејства во ова болно време и секогаш ќе ги поддржуваме“, изјавија тие.

Исто така, беше нагласено дека израелските дипломати ќе продолжат да ја вршат својата работа.

„Израелските дипломати и претставници ширум светот стојат на првите редови на дипломатските напори на Израел – тие ја бранат земјата со своите животи. Нема да нè запре теророт. Ќе ја продолжиме нашата мисија низ целиот свет, со непоколеблива посветеност да го претставуваме Израел со гордост“, заклучи израелското Министерство за надворешни работи.