Во Белград најголема заработка забележал пејач на народна музика, односно тогашни 142 милиони динари.
Најбогатите луѓе во поранешна Југославија се најдоа на ТОП листата на магазинот од 1988 година. Она што е особено интересно е што на списокот нема политичар.
Во февруари 1989 година, Даночната управа презентираше прелиминарна листа на најбогати граѓани од претходната година, во која беше наведено дека најголеми приходи пријавиле приватни ресторани, пејачи, композитори на народна музика, комерцијални патници, претставници на странски компании, фудбалери, ликовни уметници, новинари и универзитетски професори.
Интересно е што на оваа листа немаше политичар. Вреди да се нагласи дека даночната основа не била еднаква за цела Југославија и се пресметувала според оваа формула: просечен приход три пати, пишува Југопапир.
Во Белград најголема заработка забележал пејач на народна музика (142 милиони динари), во Загреб претставник за продажба (61 милион динари), а во Љубљана академски скулптор (28 милиони динари). За Сараево нема податоци, а рекордот го постави приватен ресторан од Скопје, кој во 1988 година заработил 171 милион динари.
Несомнено е дека времињата сега се сосема поинакви во споредба со текстот што беше објавен пред нешто повеќе од 30 години.