ОВА СЕ НАЈДОБРИТЕ И НАЈЛОШИТЕ ГРАДОВИ ЗА ЖИВЕЕЊЕ Списокот ќе ве изненади (ФОТО)

На топ-листата на најдобри градови за живеење, која секоја година ја објавува The Economist Intelligence Unit, повторно се наоѓа Виена, главниот град на Австрија.

Во ова истражување беа оценети 173 градови. Тие се бодуваат во пет категории: безбедност, култура, здравство, образование и инфраструктура.

На прво место годинава е Виена која неколку пати се најде на оваа листа. Се најде во оваа позиција поради инфраструктурата, извонредната култура и забавата. Исто така, поради образовните и здравствените услуги.

На второ место е главниот град на Данска, Копенхаген, убава и опуштена европска престолнина. На третото и четвртото место на листата на најдобри градови за живеење се австралиските градови Мелбурн и Сиднеј.

Канада годинава доживеа голем успех. Дури три града од оваа северноамериканска земја се најдоа на листата на најдобри градови за живеење. Тоа се Ванкувер, Калгари и Торонто.

Што се однесува до најлошите градови за живеење, Техеран во Иран е на врвот, потоа Дуала во Камерун, Дака во Бангладеш и Порт Морезби, главниот град на Папуа Нова Гвинеја. 

Ова е список на десет најдобри градови за живеење:

1. Виена, Австрија
2. Копенхаген, Данска
3. Мелбурн, Австралија
4. Сиднеј, Австралија
5. Ванкувер, Канада
6. Цирих, Швајцарија
7. Калгари, Канада
7. Женева, Швајцарија
9. Торонто, Канада
10. Осака, Јапонија