Во идеален свет, апликациите на нашите телефони би биле исклучително стабилни и би работеле без грешки.
За жал, тоа не е светот во кој живееме, па често се случува апликациите да се исклучат и да нè вратат на почетниот екран.
Според истражувањето спроведено од Uswitch, најнестабилни се апликациите Facebook i Tinder а нив ги користат најмногу луѓе.
Во анализата, Uswitch погледна голем број апликации и потоа ги рангираше според бројот на пријавени проблеми врз основа на милион преземања секој месец, според извештаите и оценките на корисниците, но и според бројот на пребарувања на Google за проблемите на секоја од тие апликации.
Топ 10 листа на најнестабилни апликации:
1. Facebook
2. YouTube
3. Twitter
4. McDonalds
5. Tinder
6. Uber
7. Discord
8. Amazon
9. WhatsApp
10. Instagram
Зошто е Facebook прв?
Сосема очекувано, најнестабилната апликација се покажа дека е Facebook. Колку е настабилна социјалната мрежа на Марк Цукерберг најдобро покажува фактот дека постои Lite верзија за уреди кои не можат да го издржат ова ,,зграпчување” на меморијата и ресурсите, како и протокот на континуирани известувања, а да не зборуваме за постојаното нарушување на приватноста и скандалите околу сервирањето реклами, кое дефинитивно придонесува за оваа апликација да е на врвот на листата.