ОВА СЕ НАЈСКАПИТЕ ГРАДОВИ ЗА ЖИВЕЕЊЕ ВО 2023 ГОДИНА – Потврдува се она што секојдневно го гледаме во продавниците

Сингапур и Цирих го делат првото место на листата на најскапи градови за живеење во 2023 година, пишува медиумската агенција Reuters. По нив следат Женева, Њујорк и Хонг Конг. Листата составена од Economist Intelligence Unit (EIU) – одделот за истражување и анализа на медиумската куќа The Economist Group, вели дека глобалната криза со зголемените трошоци на живот сè уште не е завршена.

Цените на над 200 најкористени стоки и услуги годинава пораснале во просек за 7,4 отсто во однос на минатата година, се вели во извештајот на EIU. Ова е помалку од минатогодишниот раст во однос на 2021 година од 8,1 отсто, но значително повеќе од трендовите што го карактеризираа периодот од 2017 до 2021 година. EIU вели дека растот на цените на секој пазар што го испитувал бил пресметан во валутата што се користи на тој пазар.

илустрација

Сингапур девет пати е најскапиот град во светот во последните 11 години. Годинава повторно го зазеде првото место бидејќи цените во него се доста високи во неколку категории. Цените на сообраќајот во тој град се највисоки во светот поради строгите политики на локалната власт во однос на бројот на автомобили во оптек. Таму се многу скапи и облеката, храната и алкохолот.

Цирих го дели првото место со Сингапур бидејќи швајцарскиот франк е исклучително силен, а цените на прехранбените производи, покуќнината и рекреацијата се многу високи. Женева и Њујорк го делат третото место на листата, Хонг Конг е петти, а Лос Анџелес е шести. Заедно со Цирих и Женева, уште два европски града – Париз и Копенхаген – се меѓу десетте најскапи градови во светот. Меѓу десетте е и Тел Авив.

Цените во Азија повторно пораснаа побавно отколку во другите региони. Кинеските градови Нанџинг, Вукси, Далиан и Пекинг, како и јапонските градови Осака и Токио годинава значително се намалија на цената.

На глобално ниво, EIU наведува дека цените на комуналните услуги растат најбавно, а цените на храната најбрзо.

животпарисветСингапурЦирих