Ова се најчестите показатели дека не се движите доволно во текот на денот

Без разлика дали работите од дома или во канцеларија, ако седите цел ден на работа, вашето тело може да ги пропушти клучните движења и придобивките што тие ги носат. Ако е така, постои можност вашето тело да користи одредени индикатори за да ви го привлече вниманието на фактот дека му треба повеќе движење.

Докторката по физикална терапија Лиза Н.Фолден ги издвои најчестите знаци кои укажуваат дека не се движиме доволно во текот на денот.

Запек

„Кога имате запек, тоа е јасен показател дека или не внесувате доволно влакна и вода, или не се движите доволно. Лежењето или седењето повеќето денови е „одличен“ начин да ги спречите вашите црева да работат”, вели Фолден.

За да избегнете запек, треба редовно да се движите. Прошетајте за време на паузата за ручек или обидете се да станете и да се истегнете неколку пати во текот на денот. Телото и цревата ќе ви се заблагодарат, пренесува Eating Well. 

Мускулна напнатост

Докторот објаснува дека ,,мускулите се како гумени ленти. Колку повеќе ги истегнувате и придвижувате, толку стануваат пофлексибилни. Кога ќе престанете да се движите, тие се вкочануваат или затегнуваат. Во основа, тие стануваат пократки. Кога тоа ќе се случи, може да најдете секојдневни движења понепријатно и попредизвикувачки“.

Ако ви е непријатно да правите секојдневни движења, како подигање работи од подот, време е да го додадете истегнувањето во вашата рутина. Фолден препорачува да одвоите неколку минути за истегнување три пати неделно.

Вкочанети зглобови

Зглобовите содржат лубрикант наречен синовијална течност.

,,Таа течност им помага на зглобовите да се движат непречено без болка. Кога ќе се најдете неподвижни и не вежбате често, производството на таа течност почнува да се забавува и вашите зглобови го чувствуваат тоа”, истакнува таа.

Додавањето малку одење во вашата рутина и одржувањето добро хидрирано ќе помогне синовијалната течност повторно да тече.

Брзо се заморувате

Ако забележите дека брзо се заморувате додека се качувате по скали или шетате низ продавница, тоа е знак дека би можеле да имате повеќе корист од кардио во секојдневниот живот, пренесува Eating Well. 

,,Ова се случува затоа што вашите бели дробови и срце веќе не се навикнати да работат над седечкото ниво. Ако седите многу во текот на денот, се препорачува да трчате или да пешачите по угорницата во слободното време. Одржувањето на вашето тело активно и во форма е најдобар лек за уморно срце и бели дробови“, објаснува.

Тажни сте или нерасположени

Недостатокот на физичка активност може да биде една од причините зошто чувствувате влошување на вашето расположение.

,,Редовната физичка активност предизвикува вашето тело да произведува повеќе „хормони на среќа“, познати и како ендорфини“, тврди докторот.

Покрај многу други ефекти, ендорфините предизвикуваат многу позитивно чувство во телото што генерално ве прави посреќни и порелаксирани. Затоа е важно да се движите што повеќе за да бидете расположени.