Државната изборна комисија ги објави и мандатите што се очекува да ги имаат партиите и коалициите во идниот парламентарен состав.
Врз основа на досегашното пребројување на гласовите, ВМРО-ДПМНЕ е првата партија со 42,75 отсто која се очекува да има 59 мандати во Собранието.
Втора се очекува да биде коалицијата Европски фронт со 14,42%, која се очекува да има 19 места во Собранието.
Зад неа е коалицијата ВЛЕН со 11,38 отсто и се очекува да има 13 пратенички места во Собранието.
СДСМ, досега има 14,67 отсто и се очекува да има 18 пратенички места во Собранието.
Нагласуваме дека ова се први резултати и може да се променат до објавување на конечните резултати