Објавени се последните фотографии од шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, снимени само неколку дена пред да загине во авионска несреќа во регионот Твер во Русија.
Пригожин на фотографиите е опкружен со локалното население во Банги, главниот град на Централноафриканската Република – една од многуте африкански нации каде што е распоредена групата Вагнер.
Водачот на платеничката воена групација наместо вообичаената воена облека на, овие фотографии е обллечен во обична цивилна облека. Тој позира опкружен со локални жители кои изгледаа воодушевени од средбата со рускиот олигарх, позираат за фотографирање, се ракуваат со него и го прегрнуваат.
Набргу по средбата и поздравувањето со жителите на Банги, Пригожин отиде во Мали, каде што повторно ја носи својата воената униформа и ја стега пушката додека лирски зборува за напорите на неговата платеничка група Вагнер да го „направат целиот афрички континент посреќен“.
– Работиме… температурата е над 50 степени, баш како што ни се допаѓа… Вагнер ја прави Русија поголема на сите континенти, а Африка послободна – вели Пригожин во снимената изјава, пренесува „Дејли мејл“.
Неколку дена подоцна, тој загина во авионска несреќа што нашироко се смета за одмазда од Владимир Путин и Кремљ, откако Пригожин и контингент платеници од групата Вагнер започнаа краткотраен бунт против руското рускиот воен врв во јуни.
ДНК анализата наводно потврдила дека меѓу загинатите е и Пригожин.
Руската управа за цивилно воздухопловство соопшти дека Пригожин и некои од неговите главни поручници се на списокот од седум патници и тројца членови на екипажот што загинаа во авионската несреќа.