Ова се прекрасните инфлуенсерки спасени од луксузната јахта што потона: Нивните фотографии се шокантни!

Два дена откако јахта вредна најмалку 4 милиони евра потона во близина на Мајами Бич , мрежата „гори“ поради снимките од убавиците кои беа евакуирани од таа јахта!

Да ве потсетиме дека необична несреќа, со оглед на вредноста на бродот и неговите патници, се случи во саботата во Мајами, кога луксузниот глисер Ламборџини Текномар, вреден 4,5 милиони евра, заврши под вода додека на него имаше 30 инфлуенсери во бикини.

Иако официјалната причина за потонувањето сè уште не е објавена, се сомнева на преоптоварување, бидејќи според техничките спецификации – бродот може да смести пет патници и двајца членови на екипажот.

На видеата објавени од некои од инфлуенсерите, можете да видите како бродот одеднаш почнува да тоне, додека тие уживаа со танцување и шампањ.

На истата снимка, се гледаат згодни девојки во портокалови елеци за спасување како чекаат помош, додека една од нив вреска од страв: „За… мојот живот“.

Сепак, неочекуваната ситуација не го наруши премногу расположението на инфлуенсерите, кои продолжија да танцуваат и да се смеат откако беа спасени од тонената луксузна јахта.

Една од нив дури успеала да земе шише текила вредно 330 долари, кое подоцна го испила викајќи: „бебето е безбедно“.

Крајбрежната стража на Мајами, која ја спроведе спасувачката операција, ја презеде истрагата за инцидентот, фокусирајќи се на фактот дека бродот долг 20 метри бил преоптоварен.