Десет 17-годишни ракометари од Бурунди исчезнаа во Риека, потрагата по нив е во тек, а нивни слики објави и хрватската полиција.
Тие се учесници на светското кадетско ракометно првенство кое од 2 до 13 август се одржува во повеќе градови во Хрватска, меѓу кои и Риека.
Станува збор за десет момци родени 2006 година кои вчера околу 15 часот и 30 минути се оддалечиле во непознат правец од просторот на студентскиот центар Риека, каде што биле сместени за време на првенството.
Потрагата по нив е во тек.