Синот е најдобар на светот во тоа што го работи, а гордите родители се штедливи, вредни и успешни…
Ова е приказна за Никола Јокиќ, но од гледна точка на растењето и улогата што во целата приказна ја имаа неговите родители, мајката Николина и таткото Бранислав.
За почеток – Сомбор.
– Нашиот стан беше многу мал. Имавме две соби, кујна и бања. Таму живеевме мајка ми, тато, јас, двајца браќа и баба ми. Тоа беше полна куќа. Често доаѓаа и роднини, кои во Србија ги нарекуваме и браќа. Куќата секогаш беше полна со луѓе, а ние постојано се шегувавме – во една прилика им опиша на американските медиуми како растел во родниот град.
Мајката Николина работела како медицинска сестра, таткото Бранислав како земјоделски инженер, а бидејќи бил голем љубител на кошарката ги „заразил“ и синовите.
Во сè Никола ги следеше Страхиња, кој беше постар тринаесет години, и Немања, кој беше постар единаесет години.
– Јас сум по малку од двајцата, едниот е талентиран, а другиот силен. Цело време игравме кошарка, дури имавме и кош во станот. Соседите кои живееја долу постојано доаѓаа да се жалат на нашите родители за тоа колку сме гласни – искрено призна момчето кое години подоцна ќе стане најдобар на светот и тоа во три наврати.
– Кога почнав да играм бев многу дебел и не особено висок. Играв центар и во исто време плејмејкер. Дриблав низ целиот терен, беше само забавно. Но, кога наполнив 16 години, почувствував дека навистина можам да направам нешто. Потоа се преселив од Сомбор во Нови Сад.
Никола Јокиќ пристигна во Денвер во 2015 година, а се останато е историја. Освен родителите и браќата, негов најголем поддржувач е и сопругата Наталија Маќешиќ, која ја запозна уште пред да стане познат.
Тие се венчаа во 2020 година, а ќерката на Огњена веќе е навикната секој успех на теренот да го слави заедно со својот татко.