Ова се сите 12 жртви на масовниот убиец од Цетиње: Ја убил сопствената сестра, целото семејство Мартиновиќ, браќата на 9 и 14 години! Сè започна со расправија со овој човек (фото)

Деветгодишниот Вукан и неговиот петгодишен брат Јован Вулетиќ се најмладите жртви на масовното злосторство во Цетиње, извршено завчера од Ацо Мартиновиќ (45). Во крвавата гозба загинал и вујкото на момчето, Мирко Вулетиќ (45).

Полудениот Ацо Мартиновиќ уби четворица членови на едно семејство – Радован и Радмила Мартиновиќ и нивните синови, близнаците Милош и Марко Мартиновиќ во куќата на роднина во Бајице. Во куќата на Мартиновиќ тешко е ранета и сопругата на Марко, Марија (38).

Меѓу жртвите се Радомир Марковиќ (70), Јошо Оташевиќ (55), Бранислав Мудреша (60), Драгана Драшковиќ (53) и сестрата на убиецот Зорица Вулетиќ.

– Уби четири лица во кафана, па убил четиричлено семејство во куќата на Мартиновиќ во Бајице. После тоа убил две деца во населбата Хумчи, а потоа го продолжил делото во Доњи Краји каде ја убил својата сестра и уште едно лице.

Цело Цетиње ги оплакува своите најблиски, градот е излепен со нивни постери. Жителите велат дека не можат да поверуваат оти убиецот вперил пиштол врз своите роднини.

– Да ја убие сестра му?! Еј, близнаците што му се далечни братучеди. Нечуено. Луд, не знам ни како да го наречам! Не знам што ни се случува?! Се прашувам што сме му згрешиле на Господ што ни зема само добри луѓе – коментираат очајни граѓани.

Сите имаат само пофални зборови за убиените близнаци Марко и Милош, истакнуваат дека биле примерни деца, олицетворение на добрината и чесноста.

– Марко се ожени пред пет години и има две мали деца. Убиецот ја ранил и сопругата Марија (38), таа е родум од Србија. Нејзе ѝ била укажана помош во болница. Се молиме да биде добро – плачејќи вели соговорничка за српскиот портал Курир и продолжува:

– Марко возеше автобус, како и Милош. А возеше и возеше. Вреден тип што се борел за корка леб во туѓина. Милош дојде да биде со својот брат и семејството за празниците. Инаку, двајцата беа многу блиски. Тоа беше безусловна љубов, која некој ја скрши во миг. Не знам како да одам да им изразам сочувство на семејството, што да им кажам?

Цетињани со грутка во грлото зборуваат за убиените момчиња, браќа од девет и 14 години.

– Зарем за тебе треба гроб да копаме!? Јоцо, Вукан, вратете се, ќе умрам за вас! Вратете се – напиша на Фејсбук тетката на убиените момчиња.

Од убиените браќа се простија и други роднини, но и пријатели од училиште. Тие објавија свои фотографии.

– Засекогаш ќе останеш мој најдобар пријател. Засекога ќе живеете во моето срце! Ќе ве паметам засекогаш – ова се само дел од пораките објавени со фотографиите на момчето. Инаку, постарото момче тренираше кошарка, а од него се прости и неговиот тренер. Тој објави слика од теренот и напиша: „Спиј мирно, дете наше, те сака твојот тренер“.

Список на убиените

x Милош Мартиновиќ (38)

x Марко Мартиновиќ (38)

x Радован Мартиновиќ (70)

x Радмила Мартиновиќ (63)

x Мирко Вулетиќ (45)

x Јован Вулетиќ (14)

x Вукан Вулетиќ (9)

x Зорица Вулетиќ

x Драгана Драшковиќ (52)

x Јошо Оташевиќ (55)

x Бранко Мудреша (60)

x Радивоје Марковиќ (70)

Го убил таткото, го ранил синот

Според мештаните на Цетиње, Аца Мартиновиќ пред крвавата гозба во кафаната се скарал со Д.К., па си заминал дома да земе пиштол. Набрзо се вратил вооружен.

-Кога се вратил пукал во Д.К и тешко го ранил, потоа А.М и уште неколку лица. Таму ги убил Мирко Вулетиќ, сопственикот на кафаната и Бранислав Мудреша, таткото на А.М. – вели изворот, додавајќи дека ранетиот Д.К е во критична состојба.