Рускиот тенисер Даниил Медведев се пласираше во 4. коло на Ролан Гарос откако го совлада Томаш Махач од Чешка со 3:1 (7:6 (7:4), 7:5, 1:6, 6:4.
Медведев ќе игра против Австралиецот Алекс де Минаур.
Натпреварот на стадионот „Сузан Ленглен“ на кратко беше прекинат во четвртиот сет и тоа од бизарна причина.
Главниот судија на натпреварот Демиен Думусоа се симна од столот и со крпа почна да го лови повредениот гулаб кој слета на теренот. Успеал во тоа и потоа им го донел на луѓето од организацијата кои го извадиле гулабот од стадионот.
Видеото може да го погледнете ТУКА.