Синот на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс, колеџ играч на „УСЦ“, Брони доживеа непријатност на натпреварот против Аризона.
Имено, за време на загревањето пред мечот тој решил на кратко да го напушти теренот, а при заминувањето се случила непријатност.
На самиот излез скокнал за да стигне до врвот на преминот при влегувањето во тунелот, но невнимателно удрил со глава во една од рекламите.
Секако, бидејќи сите камери се насочени кон него уште од мал, видеото за кратко време ги обиколи социјалните мрежи.
Аризона со убедлив резултат го совлада „УСЦ“ на Брони, а Џејмс постигна седум поени, зграпчи четири скока и подели пет асистенции.