Шпанецот реши да стави крај на шпекулациите
Рафаел Надал долго чекаше да потврди кога ќе се врати на теренот. Се шпекулираше дека тоа ќе биде на Австралија опен, каде сите однапред го гледаа дуелот со Новак Ѓоковиќ, но Шпанецот ја одложи секоја информација.
Сепак, тој неодамна накратко прокоментира дека ќе се врати кога ќе биде целосно фит и дека е под знак прашалник дали тоа ќе биде во Мелбурн, а сега повторно се огласи на Твитер.
- Секако дека често си мислев дека нема смисла повторно да се натпреварувам – изјави Надал и додаде:
- Цело време се борев и ја одржував илузијата.
Како што изјавил, околу себе секогаш ги имал вистинските луѓе.
- Ги имав вистинските луѓе околу мене како и секогаш во текот на кариерата… Влијаеја луѓето кои сакаат да ме видат како играм – изјави поранешниот светски тенисер број еден и истакна:
- Има добри шанси тоа да биде мојата последна година, без сомнение – изјави Шпанецот за претстојната година!