Орбан смета дека политиката на санкции на претседателката на ЕУ и Европската комисија Урсула фон дер Лајен кон Русија е неуспешна.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан даде интервју за германскиот весник „Ди Велт“ во Будимпешта, во кое го искажа својот став за текот на војната во Украина. Орбан смета дека Киев ќе остане без војници пред Москва. За да ја спасат Украина, САД и Русија треба да преговараат за мир, тврди унгарскиот премиер.
И покрај почетните успеси на украинската контраофанзива, Орбан сè уште ја смета победата на Украина против Русија за „невозможна“ .
– Проблемот е што Украинците ќе останат без војници порано од Русите. И тоа на крајот ќе биде одлучувачки фактор – рече тој.
Затоа, тврди тој, „секогаш се залага за мир, мир, мир“.
– Во спротивно Украина ќе загуби огромни количини на богатство и многу животи, па ќе има незамисливо уништување – вели Орбан.
„Украина повеќе не е суверена земја“
Орбан тврди дека се грижи за спас на Украина. Единствената можност за тоа ја гледа во „Американците да започнат преговори со Русите и да склучат договор за безбедносна архитектура и да најдат место за Украина во таа безбедносна архитектура“.
Тој, исто така, го оспори единственото право на Украина да одлучува за текот на војната:
– Украина повеќе не е суверена земја. Немаат пари, немаат оружје. Тие можат да се борат само затоа што ние на Запад ги поддржуваме . – Западот, вели Орбан, има право „да даде оружје и пари или не“.
Шефот на унгарската влада е многу скептичен за намерата на НАТО да и даде безбедносни гаранции на Украина на самитот во Вилнус во јули. Тој наведува дека „тоа не е унгарска идеја“, туку „веројатно доаѓа од седиштето на НАТО“. Не знае точно кои се гаранциите, но сака да го погледне предлогот.
„Прво прекин на огнот, потоа преговори“
– Првиот чекор е прекин на огнот, а потоа преговори – рече Орбан. Само тогаш можеме да разговараме за „гаранции за мир, односно за воени или безбедносни гаранции за Украина“.
– Затоа, тоа не е прв чекор, туку трет или четврти – рече тој и потоа додаде: „Не треба да почнуваме од крајот“. Орбан не кажа дали Украина може да стане членка на НАТО по војната.
Орбан смета дека политиката на санкции на претседателката на ЕУ и Европската комисија Урсула фон дер Лајен кон Русија е неуспешна.
„Тие сакаа да ја клекнат Русија на колена со санкции и со тоа да го доближат континентот до мирот. Ништо од тоа не се случи – рече тој.
Тој беше изненаден што „тие – под водство на комесарот, таа Германка“ – не се во состојба правилно да ги обликуваат санкциите, рече тој.
„Тоа е едноставно неуспех. Сега се поставува прашањето која е целта, како сакаме да ја постигнеме?“, заклучи Орбан.