Еве што се случува со телото кога не јадете риба!
Истражувачите во Велика Британија предупредуваат дека луѓето кои не јадат доволно често рибино месо се изложени на ризик од сериозни болести.
Колку често треба да јадете риба?
Потребно е да се јаде риба најмалку два пати неделно, барем една порција треба да биде морска риба, богата со рибино масло, како на пр. лосос и туна.
Рибата е богата со витамини и минерали и помага во топењето на мастите во телото, пренесува Телеграфи.
Ако не внесувате доволно омега 3 масни киселини кои се наоѓаат во рибата, ризикувате срцеви и мозочни заболувања.
Исто така, докажано е дека ако ја исфрлите рибата од исхраната и јадете само црвено месо, имате поголем ризик да развиете тумори од оние кои јадат најмалку двапати неделно.