Овие знаци откриваат дека нивото на хормонот на стрес може да ви е покачено

Нутриционистот Ели Бречер, кој е водител на подкастот „The Gut 360“, предупредува дека „многу луѓе честопати дури и не знаат дека имаат покачено ниво на кортизол“ и ги сподели знаците на кои треба да се внимава. Како што објави порталот Експрес, кортизолот е примарен хормон на стрес и има многу важни функции во телото, но прекумерните количини можат да бидат штетни.

Бречер истакнува дека „високите нивоа на кортизол можат да предизвикаат различни симптоми во телото, а тие ќе варираат во зависност од причината“. Таа им советуваше на сите да обрнат внимание на овие пет најчести знаци:

  • Зголемување на телесната тежина, особено во стомакот, лицето и горниот дел од грбот.
  • Заоблено лице, со можно црвенило и испуканост.
  • Тежок замор и зголемена раздразливост. Може да забележите тешкотии во концентрацијата и главоболки.
  • Висок крвен притисок.
  • Истенчување на кожата, што го олеснува создавањето модринки и може да доведе до мускулна слабост.

Како што објави „Експрес“, Брехер нагласи дека „симптомите можат многу да варираат и понекогаш можеби дури и не ги чувствувате или забележувате“. Сепак, секој што е загрижен за своето здравје треба да се консултира со својот матичен лекар.

Таа советуваше: „Доколку се сомневате на покачени нивоа на кортизол, потребно е тестирање, кое може да вклучува крв, плунка или урина, и се врши во лекарска ординација.“