Повеќето луѓе размислуваат за тоа дали имаат проблеми со партнерот или доживуваат многу стрес на работа, но ретко паровите размислуваат за тоа како живеат и колку нивните секојдневни навики влијаат на нивниот живот.
Секогаш е добро да се размислува за подобар сексуален живот бидејќи тоа влијае на квалитетот на бракот или врската, меѓусебната поврзаност, но и го подобрува здравјето. Но, како да се подобри сексуалниот живот и здравјето ?
„Денес, повеќе од кога било, може да се каже дека сексуалниот живот е жртва на животниот стил. Има многу очигледни работи кои придонесуваат за слаб сексуален нагон, како што се премногу стрес и недоволен сон, но има уште неколку за кои вреди да се размислува“, објаснува за HuffPost клиничкиот сексолог и едукатор Лоренс Сигел.
Лоренс Сигел и други експерти објаснуваат кои секојдневни навики влијаат врз создавањето на незадоволителен сексуален живот, а на стресот особено треба да се внимава.