Заштитата на срцето е клучна за одржување на долговечноста и избегнување на штетни состојби како што се срцеви заболувања и мозочен удар. Општиот лекар Доналд Гранд идентификувал неколку навики кои негативно влијаат на здравјето на срцето. Имено, недоволното вежбање е еден од главните фактори за проблеми со срцето.
“Неактивниот начин на живот е нездрав од многу причини и може да влијае на расположението и физичкото здравје. Недостатокот на вежбање може да ги ослаби срцевите мускули, што ги прави посклони кон проблеми и може да ја ослабне нивната способност за пумпање крв”, вели др. Гранд.
Тој советува да одвоите најмалку 30 минути дневно за вежбање, што вклучува пешачење, трчање или одење во теретана. Исто така, лошата исхрана може негативно да влијае на здравјето на вашето срце.
„Храната како лиснатиот зеленчук, јајцата и цели зрна се корисни за здравјето на срцето, додека преработената храна е богата со натриум. Јадењето нездрава храна може да доведе до дебелеење, што го зголемува ризикот од проблеми со срцето“, вели д-р. Гранд.
Покрај тоа, недостатокот на сон може да има негативни последици и да влијае на кардиоваскуларното здравје.
„Недостатокот на сон може да го зголеми нивото на кортизол, што доведува до висок крвен притисок и го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар“, вели др. Гранд.
Прекумерното внесување на кофеин може да го загрози и здравјето на срцето.
„Енергетските пијалоци и кафето го зголемуваат крвниот притисок и отчукувањата на срцето, што е поврзано со срцеви заболувања. Пијалоците со висока содржина на кофеин може да доведат до неправилни отчукувања на срцето и грчеви на артериите“, рече докторот.