ОВИЕ НАМИРНИЦИ НИКОГАШ НЕ ТРЕБА ДА СЕ СТАВААТ ВО МИКРОБРАНОВА: Денеска сите ги грееме остатоците од празничната гозба, а ОВА Е ПОСЕБНО ОПАСНО

После новогодишната ноќ, без разлика дали сме ја дочекале лудо на голема забава или дома, на 1 јануари сите сакаме да лежиме пред телевизор, грицкајќи ја храната што ја подготвивме претходниот ден. Ако сте суеверни, постојат некои ритуали кои треба да се следат , а дури и да не сте – подготвувањето храна сигурно не е на вашата листа. Ова е денот кога храната подготвена за дочекот повторно се загрева, а за повеќето тоа значи користење на микробранова печка.

Сепак, постојат некои намирници кои никогаш не треба да ги загревате во овој апарат. Една од причините е што можат да „прскаат“ и да направат неред во микробрановата печка, а има и такви чии состојки не издржуваат високи температури по обработката, па можат да бидат штетни по здравјето.

Еве кои намирници треба да избегнувате да ги загревате во микробранова…

Јајца во лушпа

Избегнувајте ставање јајца во лушпа во микробранова печка! По контакт со оваа печка, пареа ќе се акумулира во јајцето, реакција слична на шпорет под притисок и јајцето може да експлодира. Исто така, поверојатно е да експлодира откако ќе го извадите од микробранова печка, па може да ве повреди.

Сурово и преработено месо

Избегнувајте да загревате сурово месо и производи од месо во микробранова печка! Од една страна, суровото месо ќе се загрева нерамномерно, што го фаворизира развојот на бактерии, а од друга страна, преработеното месо содржи адитиви и конзерванси кои можат да бидат штетни за здравјето при контакт со микробранови.

Зеленчук со густа мембрана

Исто така, не е добро во микробранова печка да ставате сиров компир, домати или друг зеленчук кои имаат дебела кора или мембрана, бидејќи можат да направат неред во уредот. Една опција е да ја исечете храната пред да ја ставите да се загрее, но подобра идеја е да ја загреете на шпорет.

Лути пиперки

Кога лутите пиперки се загреваат во микробранова печка, се ослободува капсаицинот (состојката што им го дава лутиот вкус). Затоа, постои ризик, кога ќе го извадите садот од рерната и ќе го доведете на масата, ослободената пикантност ќе ги иритира очите и кожата или ќе предизвика тешкотии со дишењето.