Тие беа направени за вработените во компанијата во деведесеттите и беа подарени на една од конференциите.
Пар ретки патики на Apple се продаваат на аукција за 50.000 долари. Тие беа направени за вработените во компанијата во деведесеттите и беа подарени на една од конференциите. Како што јави британскиот јавен сервис Би-Би-Си, ова е прва јавна продажба на нив.
Горниот дел на патиката е претежно бела кожа, со „истакнат детал“ на старото лого на Apple виножито на јазикот и на страната. Парот има „воздушна перница“ во петицата и е број 41. Во кутијата е вклучен и алтернативен пар црвени врвки.
Иако Apple е познат по своите уреди и иновации, повремено љубителите на технологијата можеа да купат облека и додатоци од овој бренд. Имаше линија на облека која вклучуваше лого на виножито и компјутерска графика на Мекинтош, пишува Телеграф.
Имаше за цел да го промовира брендот Apple и да создаде чувство на заедница – сепак, во тоа време не постигна голем успех.
Да потсетиме дека првата генерација на iPhone неодамна беше продадена на аукција за сума што предизвикува „вртоглавица“.