ОВИЕ ПЕТ РАБОТИ НИТУ ЕДНА СВЕКРВА НЕ И ГИ ПРОСТУВА НА СНААТА – Ако им го направете ова, ќе ви стават Х за до крајот на животот

Свекрвите се жени полни со животно искуство и штом нивните деца ќе создадат свое семејство, сакаат да ги советуваат и водат. Нивната намера понекогаш ја преминува границата на добриот вкус, па сосема е нормално што нивните совети и препораки ја вознемируваат снаата, која најдобро знае што е добро за нејзиното семејство.

Истражувањата потврдуваат дека снаите негодуваат кога свекрвите им се мешаат во бракот, го прекинуваат разговорот со сопругот, им пречат во воспитувањето на децата, го коментираат нивниот изглед и да пристигнуваат ненајавено и да коментираат и да се мешаат во финансиите.

Сето ова е поттик за проблематичен брак, а решението често е меѓусебно избегнување само за да се одржи мирот во семејството.

Сепак, свекрвите не се секогаш виновни за разнишаните темели во бракот. Понекогаш снаите се тие кои заземаат погрешен став и го блокираат развојот на потенцијално здрава врска. Во продолжение прочитајте што најмногу грешат снаите и на што најмногу се жалат нивните свекрви.

1.) Понекогаш можеме да создадеме погрешна перцепција за мајката на сопругот и тоа е главната причина што таа не се чувствува слободна да ја покаже својата љубов кон својата снаа. Ако снаата влезе во семејството и заземе супериорен став, свекрвата тоа сигурно ќе го забележи и ќе и замери, а напредокот во бракот на тој начин ќе забави.

2.) Ако снаата не ѝ се јавува на свекрвата, освен кога треба да чува деца, тоа може да биде голем проблем. Постојат бројни ситуации во кои снаата може да покаже себичност. На пример, ако никогаш не дојде на ручек, не пишува пораки кога нејзината свекрва е болна и не се сеќава на важни датуми… сето тоа може да создаде затегнати односи меѓу нив.

3.) Свекрвата е мајка на сопругот и баба на децата и тоа треба да се цени. Иако нивната љубов понекогаш ја преминува границата, тие сепак заслужуваат почит. Ако снаата крене глас на свекрвата, покажува со прст кон неа или се однесува со неа како да е нејзината најдобра пријателка, таа сигурно ќе се сети и ќе и замери.

4.) Свекрвата ќе ја прифати динамиката на врската што ја поставува снаата. Меѓутоа, ако снаата почне да го врти синот против неа, тоа никогаш нема да го заборави. Кога две жени сакаат ист маж и го сакаат најдоброто за него, несогласувањата се сосема нормални. Меѓутоа, кога несогласувањата ќе се претворат во натпревари, а синот ќе престане да и се јавува на мајка си затоа што сопругата го советувала да го стори тоа, тогаш снаата дефинитивно ќе ја зацементира врската со нејзината свекрва.

5.) Најлошото нешто што една снаа може да и го направи на својата свекрва е секако да стави дистанца меѓу неа и нејзините внуци. Ако, на пример, децата поминуваат повеќе време со бабата по мајката отколку со бабата по таткото, свекрвата веројатно ќе биде многу тажна и на нејзината снаа никогаш нема да и го заборави тоа.

животсемејство