Доколку не сте сигурни што би сакал да слуша вашиот партнер за време на сексот, нема да погрешите со овие реченици.
А зборовите можат да бидат моќен афродизијак во кревет. Секој има свои преференции кога станува збор за водењето љубов, но овие пет реченици без сомнение ќе бидат одобрени од повеќето жени.
1. Кажи ми што сакаш.
Одамна го заборавивме митот дека мажите треба да ни ги читаат мислите кога станува збор за водењето љубов. Ако сакаме нешто, тогаш треба да го кажеме, а уште поубаво е кога мажот покажува интерес за задоволството на партнерката и сака да и угоди.
2. Да, имам кондом.
Самосвесните жени сами ќе се грижат за контрацепција, но секогаш сакаат да знаат дека и нивниот партнер се грижи за тоа и дека е свесен за важноста на одговорното сексуално однесување.
3. Дали ти се допаѓа тоа што го правам?
Срамежливите жени можеби нема веднаш да му кажат на партнерот што најмногу им одговара. Затоа, ова едноставно прашање е ефикасен начин за мажот да открие дали жената се чувствува добро или не.
4. Ја сакам војата …
Сите понекогаш се чувствуваме малку несигурни за време на водење љубов, па секогаш е убаво да се слушне што најмногу му се допаѓа на нашиот партнер кај нас и од што не може да се засити. Ваквиот искрен комплимент во интимните моменти го поттикнува чувството на самодоверба кај жените.
5. Фантастична си.
Мажите сакаат кога жените им даваат комплименти за нивните сексуални вештини, но зошто не треба да ги комплиментираат нашите? Квалитетниот секс е двонасочен процес во кој мора да преовладува еднаквоста.