Секој има различни став и избор за исхраната, а овие тројца шампиони секако знаат што прават и што му треба на нивното тело на индивидуално ниво
Исхраната во светот на спортот е многу важна и несомнено е дека сите врвни тенисери имаат јасно програмирана диета. Телеграф во разговор со извор од кујната на Вимблдон откри што ручале врвните играчи за време на престојот во комплексот и каков е нивниот дневен биланс.
Новак Ѓоковиќ годинава само еднаш се појави во мензата на третиот Грен слем сезонава, го донесе синот Стефан, но тој остана само кратко и без оброк, имаше краток разговор со присутните и си замина.
Тоа е разбирливо ако се земе предвид дека Новак изнајмил куќа во близина на Вимблдон и може да ги задржи сите свои редовни навики во исхраната токму таму.
За разлика од него, Рафаел Надал , кој годинава не е присутен поради повреда, минатата сезона секој ден имаше ист оброк.
– Доаѓаше секој ден и јадеше лосос со ориз, а диеталната Кока Кола редовно му беше на трпезата – открива извор од кујната.
Јасно е дека се работи за програма и рамнотежа кои Рафа не сакаше да ги наруши ниту за време на престојот во Велика Британија, додека Данил Медведев не е од оние кои се држат до ниту еден рецепт.
Секој пат се храни различно, диета, потоа доста калорично, па пак се враќа на нешто полесно. Во суштина, ништо не е загарантирано, тој меша храна и е вистински гурман – рекол изворот.
Секој има различни ставови за исхраната, а овие тројца шампиони секако знаат што прават и што му треба на нивното тело на индивидуално ниво