Многу врски не завршуваат поради големи расправии или неверство, туку постепено се распаѓаат поради суптилни модели на однесување кои остануваат незабележани. Овие проблеми можат да ги нагризат темелите на врската со години пред партнерите да станат свесни за нив, тврди психологот Марк Траверс. Тој особено истакна три модели на однесување кои можат да доведат до раскинување на врската или бракот.
1. Пасивна агресија
„Кога чувствувате дека нешто не е во ред, но вашиот партнер тврди дека сè е во ред, тоа може да биде знак за пасивна агресија. Кратките одговори, избегнувањето контакт со очите или „заборавањето“ на обврските може да укажуваат на затворено незадоволство што не се изразува отворено, туку ја поткопува врската одвнатре“, објаснува Траверс за Psychology Today. Тој додава дека пасивната агресија често произлегува од неможноста директно да се справи со конфликтите, што може да доведе до емоционално дистанцирање и слабеење на врските.
2. Водење евиденција
Водењето евиденција за тоа кој последен пат платил за вечера или иницирал состанок можеби изгледа безопасно, но кога ќе се претвори во постојана евиденција на „долгови“ во врската, создава чувство на нерамнотежа и неправда.
Психологот истакнува: „Овој вид на водење евиденција може да доведе до акумулација на незадоволство и отуѓување од партнерите. Наместо тоа, фокусирањето на великодушноста и емоционалната поврзаност, без да очекувате итна реципрокација, може да ја зајакне врската“.
3. Празни ветувања
Планирањето на заедничка иднина без конкретни чекори кон реализација на тие планови може да создаде лажна надеж и да доведе до разочарување. Празните ветувања, како што е разговорот за заеднички живот без реални планови или повторените ветувања за промена без акција, може да ја нарушат довербата и да создадат чувство на предавство.
“Важно е да се поклопат зборовите со постапките и да се постават јасни граници за да се избегне оваа замка. Препознавањето на овие суптилни обрасци и навременото решавање на нив е клучно за одржување на здрава и исполнета врска. Отворената комуникација и подготвеноста за соочување со проблемите може да го спречат тивкото отуѓување на партнерот и да придонесат за долгорочна врска”, заклучува Траверс.