Астрологијата открива што ни носи затемнувањето на Месечината во знакот Шкорпија!
Затемнувањето на Месечината во знакот Шкорпија започна денес во 19 часот и 23 минути, а овој астролошки настан најмногу ќе влијае на три хороскопски знаци. Кога ќе се случи затемнување на Месечината во мистериозниот знак на Шкорпија, тоа значи дека многу тајни ќе испливаат на површина. Ќе имаме тенденција да ги преувеличуваме секојдневните проблеми. Полната месечина во Шкорпија означува крај на стар циклус и почеток на нов, што значи дека ќе доживееме целосна трансформација. Еве на кого најмногу ќе влијае:
ШКОРПИЈА
Време е да се соочите со личните стравови и блокади кои ве спречуваат да продолжите напред. Одредени проблеми можеби ќе ви изгледаат многу потешки од утре, но всушност работите нема да бидат толку драматични. Едноставно, вашата потсвест ќе создаде такво сценарио. Обидете се да ги оставите лошите работи зад себе и фокусирајте се на нови работи.
БИК
Ќе се случи затемнување на Месечината на вашето партнерско поле, затоа очекувајте криза или пропаѓање. Интензитетот на тој пад ќе биде забележлив во наредните месеци. Можно е да добиете нов деловен партнер, а доколку сте во брак или врската ќе мора да се промени. Партнерот има заблуди за вас кои не се реални.
ВОДОЛИЈА
Полната месечина во вашата десетта куќа ви носи големи промени на работното место. Исто така, лесно можете да ја промените работата во следните шест месеци бидејќи едноставно – „доста ви е“. Промените на работа се неизбежни во наредните месеци. Сакавте промени по стагнација, тоа ќе се случи.