Овие утрински пијалоци ја намалуваат надуеноста и го одржуваат здравјето на цревата

Појадокот е најважниот оброк во денот, а неговото прескокнување може да доведе до прејадување, лошо варење и надуеност. Нутриционистката Рујута Дивекар вели дека појадокот е клучен за добар почеток на денот. Ако често се будите со чувство на тежина во стомакот, решението може да лежи во вашиот омилен утрински пијалок.

Д-р Саураб Сети, гастроентеролог со искуство на универзитети како AIIMS, Харвард и Стенфорд, препорачува четири едноставни пијалоци кои можат да помогнат во одржувањето на здравјето на цревата и да обезбедат повеќе енергија во текот на денот, пишува „Тајмс оф Индија“.

1. Зелен чај

Зелениот чај е богат со антиоксиданси и соединенија наречени катехини, кои имаат корисен ефект врз варењето и го намалуваат надуеноста.

2. Мача

Мача е посебен вид на зелен чај во прав, со три пати повеќе антиоксиданси од обичниот зелен чај. Поради својата концентрирана природа, е особено корисен за варењето на храната.

3. Црн чај

Црниот чај содржи полифеноли и антиоксиданси кои имаат корисен ефект врз дигестивниот систем и цревната флора.

4. Чај од нане

Овој чај е особено препорачлив за луѓе кои се борат со надуеност или имаат симптоми на синдром на иритабилни црева.

Завршни совети

Избегнувајте додавање обично млеко и шеќер во овие пијалоци, бидејќи тие можат дополнително да ја зголемат надуеноста. Доколку претпочитате, користете млеко без лактоза или алтернативи на растителна основа како бадемово или овесно млеко. Наместо шеќер, д-р Сети препорачува природни засладувачи како стевиа или монашко овошје, но без додаден еритритол.