Високиот крвен притисок е една од опасните состојби доколку не се лекува навреме со терапија и не се открие вистинската причина.
Според Хелтлајн, покрај редовната терапија која секој ја има доколку страда од висок крвен притисок, постојат и други начини на кои можеме донекаде да влијаеме на регулирање на оваа состојба.
Редовното пиење чај може да биде одличен начин за подобрување на вашето кардиоваскуларно здравје. Како што објаснуваат диететичарите, одредени видови чаеви можат да придонесат за намалување на високиот крвен притисок, што е добра вест за сите оние кои имаат проблеми со неговата висина.
Поради нивната хранлива вредност, овие чаеви можат да помогнат во одржување на нивото на крвниот притисок:
- чај од хибискус
- чај од камилица
- зелен чај
- чај од листови од малина
- чај од бобинки од глог
Според диететичарите, секој од овие чаеви ја подобрува циркулацијата и на тој начин придонесува за намалување на крвниот притисок, меѓутоа, како и во секој друг случај, не треба да претерувате.