Иако е вообичаено мачките да живеат до 15 години, некои раси се особено познати по својата долговечност. Покрај генетиката, животниот век на мачката е значително под влијание и на условите за нега и начинот на живот. Мачките кои живеат во затворен простор и имаат добра исхрана често живеат над 20 години.Мачките што излегуваат надвор често се изложени на опасности како што се сообраќајни несреќи, конфликти со други животни и разни болести, што може значително да им го скрати животниот век. Квалитетната исхрана, со извор на протеини како пилешко, мисиркино или говедско месо, исто така ѝ помага на мачката да остане здрава подолго време.
Овие шест раси на мачки можат да живеат најдолго:
Сијамската мачка , препознатлива по својата витка градба и темни ознаки на ушите и опашката, може да живее од 12 до 20 години. Овие мачки се друштвени и гласни и генерално немаат сериозни здравствени проблеми.
Бурманската мачка е разиграна и пријателска и може да живее од 16 до 18 години. Иако е релативно здрава, може да има некои генетски предиспозиции кон одредени болести.
Саванската мачка е хибрид од африканскиот сервал и домашната мачка. Има смел карактер и може да живее од 12 до 20 години. Препорачана е за искусни сопственици.
Египетскиот Мау е познат по своето шарено крзно и пријатен темперамент, и може да живее од 12 до 15 години.
Рагдол е мирна и нежна раса која сака да биде со луѓе. Живее околу 15 години и може да биде склона кон одредени здравствени проблеми.
Руската сина мачка е тивка и резервирана, но посветена на своето семејство и обично живее помеѓу 15 и 20 години.