Вечерва го очекуваме 95-тото доделување на престижната филмска награда Оскар, а филмските ѕвезди со месеци се подготвуваат да остават што подобар впечаток на црвениот тепих.
Наградата традиционално се одржува во театарот Долби во Лос Анџелес, а црвениот тепих на Оскарите е многу важен сегмент од самата церемонија и медиумите се толку заинтересирани за него што трае речиси исто колку и самата церемонија на доделување.
Филмските актерки се трудат да изгледаат особено гламурозно за таа вечер, а некои фустани и изгледи се паметат со децении.
Во галеријата избравме 10 фустани од минатото кои го одбележаа црвениот тепих на Оскар.