Овој витамин прави чуда за здравјето: Секогаш важен, особено во зима

Урамнотежена исхрана, квалитетен сон и редовно вежбање се неопходни за здрав живот. Во постудениот дел од годината се трудиме дополнително да го зајакнеме имунитетот за да се спротивставиме на сезонските болести. Истовремено, зголемениот внес на витамините Ц и Д, како и минералите цинк и железо, се наметнува како апсолутен императив кој помага во постигнувањето на оваа цел.

Пиридоксин, попознат како витамин Б6, е исто така важен за зајакнување на имунитетот.

Витаминот Б6 е фасцинантна молекула вклучена во над 150 биохемиски реакции.

Витаминот Б6 е неопходен за здравјето и правилното функционирање на човечкото тело. Неопходен е за репродукција на клетките, а игра важна улога во метаболизмот на амино киселините, создавањето на протеини и црвени крвни зрнца. Тој е клучен за нормалното функционирање на нервниот и мускулниот систем како и за функционирањето на целиот имунолошки систем.

Која храна содржи витамин Б6?

Витаминот Б6 може да се најде во храната – и храна од животинско и растително потекло. Извори на витамин Б6 се месо од живина, говедски црн дроб, туна, лосос, жолчка од јајце, наут, компир, зелен лиснат зеленчук и банани.

Пиридоксин, познат и како витамин Б6, е составен дел од Б комплексот. Групата Б комплекс вклучува и тиамин или витамин Б1, рибофлавин или витамин Б2, ниацин или витамин Б3, пантотенска киселина или витамин Б5, биотин или витамин Б7, фолна киселина или витамин Б9 и цијанокобаламин или витамин Б12.

Единствениот витамин од Б комплексот што не може да се најде во храната од растително потекло е витаминот Б12. Токму затоа на веганите им се советува редовно да земаат додатоци на овој витамин во форма на капсули или спрејови.

Секоја од осумте членови на Б комплексот има уникатна структура, но и меѓусебно се надополнуваат, па затоа е пожелно да се земаат како балансирана целина – преку храна и/или со додатоци во исхраната.

Како да знаете дека имате недостаток на витамин Б6?

Луѓето кои јадат урамнотежена исхрана ретко доживуваат недостаток на витамин Б6. Но, сепак може да се појави во некои случаи:

кај жени кои земаат апчиња за контрацепција

кај луѓе кои страдаат од бубрежни заболувања

кај луѓе кои страдаат од нарушувања на имунолошкиот систем

кај луѓе кои претерано уживаат во алкохолот

Недостатокот на витамин Б6 може да се препознае преку следниве симптоми:

замор

слабост

анемија

грчеви и болки во стомакот

депресија

Доколку забележите некој од овие симптоми, најдобро би било да се јавите кај вашиот лекар и да направите тестови на крвта за да знаете што точно недостасува во вашето тело и што точно треба да направите за да го решите тој проблем.