Д-р Џејмс Хамблин верува дека претераното миење може да биде штетно. Во интервју за Институтот Аспен, тој откри дека пет години не користел сапун, шампон, гел за туширање или гел за тело.
„Едно е да се внимава на чистотата поради личните и естетски преференци, а другото поради хигиената, односно јавното здравје. Да, ги мијам забите затоа што на тој начин ќе спречам инфекции во усната шуплина, рацете затоа што спречувам инфекции на респираторниот тракт. Но, кожата знае како да се заштити“, објасни тој.
Во својата книга „Clean: The New Science of Skin“, д-р Хамблин истакнува дека кожата е првата линија на одбрана од болести.
„Организмите и бактериите кои живеат на вашата кожа играат важна улога во вашето здравје. Ако се обидете да ги елиминирате, би можеле да станете поранливи.
Лекарот тврди дека состојби како што се алергиски ринитис, астма и егзема може да бидат предизвикани од прекумерна употреба на антибактериски сапун. Сепак, други производи за нега, како што се шампони, гелови за туширање и дезодоранси, исто така може да бидат виновни, смета тој.
„Нашите стапала мирисаат на бактерии, како што е Bacillus subtilis, кој има силни антигабични својства. Продавачите не уверуваа дека треба да купиме сапуни и шампони, но мислам дека водата е доволна“, истакна тој.
Самиот д-р Хамблин штеди на производи за нега на кожата, а ја одржува чистотата и здравјето со плакнење со вода. Но, миењето раце со антибактериски сапун, особено поради коронавирусот, смета дека е клучно.
„Тоа е многу важно“, предупреди тој.