Овој домашен еликсир ги чисти цревата и го забрзува метаболизмот

Доколку чувствувате дека цревата ви се „забавиле“, се будите подуени и уморни, овој еликсир е вистинското решение за вас.

За да го подготвите ќе ви требаат само неколку состојки кои веројатно веќе ги имате во вашата кујна, а тоа се: јаболков оцет, лук, чили, ѓумбир, рен и куркума.

Подготовката на овој напиток е многу едноставна, а по првата употреба ќе забележите промени во однос на повеќе енергија, подобро варење и порамен стомак.

7 dcl јаболков оцет
1/4 шолја ситно сечкан лук
2 ситно сечкани лути пиперки
1/4 шолја рендан ѓумбир
2 лажици рендан рен
2 лажици куркума во прав

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки освен јаболков оцет во сад. Потоа префрлете ги во тегла од еден литар и до врвот прелијте ги со јаболков оцет. Покријте и малку протресете сè. Оставете ја теглата на суво и ладно место две недели и повремено протресувајте.

По две недели, исцедете ја течноста од теглата преку чиста газа во цедалка. Убаво исцедете ја крпата за да се исцеди целиот сок. Овој еликсир не треба да го ставате во фрижидер, а може да трае долго. 

Ставете малку еликсир во устата, држете го малку во устата, а потоа проголтајте. За најдобар ефект, пијте го без да додавате вода.

Напомена: Овој еликсир пијте го само доколку немате здравствени проблеми, во спротивно прво консултирајте се со доктор.