Докторите често нагласуваат колку исхраната е важна и како таа е поврзана со останатите органи во телото, па дури и со половите органи. Одредени намирници можат да ги подобрат перформансите во креветот, додека други може да ги нарушат. Една од нив е зачинот кој Балканците го обожуваат и ставаат во секое јадење. Станува збор за солта!
Како прекумерниот внес на сол може негативно да влијае на интимните односи? Ова го потврдува гинекологот д-р Аста Дејел, која за „Health Shots“ открива на кои три функции кај мажите солта најмногу влијае. Дури и студија објавена во „Journal of Sexual Medicine“ го поврзува прекумерното внесување на сол со еректилната дисфункција.
1. Покачен крвен притисок
Хипертензија или висок крвен притисок се јавува кога притисокот во крвните садови е превисок. Прекумерниот внес на сол е поврзан со високиот крвен притисок, што пак може да го намали протокот на крв во различни органи, вклучително и половите органи. Студијата објавена во „Vascular Health and Risk Management“ открила дека хипертензијата може да доведе до проблеми со ерекцијата кај мажите и сувост на женските полни органи, како и недостаток на сексуална желба кај жените.
2. Артериска вкочанетост
Артериската вкочанетост се јавува кога станува тешко за крвните садови да се шират или стегаат по потреба. Флексибилните крвни садови се потребни за оптимален проток на крв, неопходен за интимно возбудување. Студија објавена во „Journal of Clinical Hipertension“ открила врска помеѓу високиот внес на сол и како тоа директно или индиректно го зголемува ризикот од стврднување на артериите, што може да се одрази на интимниот живот.
3. Ендотелна дисфункција
Здравата функција на ендотелите е клучна за ослободување на азотен оксид, супстанца која помага да се релаксираат крвните садови и да се подобри протокот на крв. Консумирањето премногу сол може да ја наруши функцијата на ендотелните клетки, што доведува до ендотелна функција, според студијата објавена во „The American Journal of Clinical Nutrition“.