Овој кошаркар е првото момче на Слаѓа Делибашиќ! Таа го остави познатиот спортист и се омажи за Џоле ​! Како можев да го изберам Џогани!?

Пред бракот со Џоле Џогани, со кој има две ќерки Силвија и Маринела, Слаѓа Делибашиќ сакала спортист. Танчерката се забавувала со поранешниот кошаркар на Партизан, Владимир Драгутиновиќ.

– Имав љубов од Партизан, кошаркарот Владо Драгутиновиќ. Раскинав пред да заминам за Италија и понекогаш се каам што заминав на тој начин – изјавила пејачката.

Тогаш изјавила и дека и’ се додворуваат богати мажи.

– Понекогаш се прашувам дали е можно јас, покрај сите милионери кои тогаш ги запознав, да го изберам Џоле. Девојките кои беа со мене во групата сега живеат како кралици.

Владимир Драгутиновиќ е роден во 1967 година. Љубителите на кошарката го паметат како член на златниот тим на Партизан, кој во 1992 година ја освои европската титула. Подоцна неколку сезони мина во странство, а по завршувањето на играчката кариера остана во светот на кошарката најпрвин како агент, а потоа и како директор на младинските категории на црно-белите.

Слаѓа била во брак со Џоле од 1989 до 2001 година. После тоа имала уште еден брак, со 15 години помладиот полицаец Милан Пејовиќ, но нивната врска не траела долго.