По разводот со Воислав Милошевиќ и неуспешниот брак, водителката Јована Јеремиќ среќата ја најде кај успешниот бизнисмен Драган Станковиќ, кој е 15 години постар од неа.
Имено, споменатата неуспешна врска Јована ја имала со Ненад Санковиќ, кој, како што се пишуваше, е син на истакнат гинеколог.
Сега на интернет се појавија слики од Јована Јеремиќ и Ненад од скапото патување во Шпанија. Тие двајца на фотографиите изгледаат среќно и заљубено, а Јована не ја симна насмевката од лицето додека позираше со Ненад, а тој ја бакна.
Дополнително, ова не е единственото патување на кое тие двајца отидоа додека беа заљубени, па во една прилика Јована објави слика со него од Будимпешта, со сличен опис.